ОРБАН СО ПЛАН ПРОТИВ НИСКИОТ НАТАЛИТЕТ: Даночно олеснување и ослободување од кредитите за мајките на повеќе деца!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унгарскиот премиер Виктор Орбан смисли план што би требало да ги поттикне жителките на оваа европска земја да раѓаат деца.

Неговиот план вклучува доживотно даночно олеснување за жените кои ќе родат четири или повеќе деца. Жените помлади од 40 години, при склучување на прв брак можат да добијат заем од околу 32,578 евра. Една третина од заемот ќе биде простен, кога таа ќе роди друго дете, а целиот долг ќе биде отпишан ако роди трето дете.

„Тоа е одговор на унгарскиот народ, а не на миграцијата“, рекол Орбан, кој е татко на пет деца, во неговиот говор за состојбата на нацијата, поздравен со голем аплауз и воодушевување.

„Со тие пари, јас и мојот партнер конечно можеме да размислуваме за купување стан“, рекла 24-годишна Унгарка, наставничка во Будимпешта и мајка на мало девојче. Таа додала дека планираат братче или сестриче, а сега може да имаат две или дури и три деца.

Дел од експертите и натаму се скептични дека владината мерка долгорочно ќе има низок степен на наталитет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This