ОРБАН СО ПОРАКА:Ако примиме мигранти, не ветувам дека ќе имате пензии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека „не може да вети“ дека Унгарија ќе има пари за зголемување на пензиите, детските додатоци или даночни олеснувања за семејствата со деца, „ако земјата биде приморана да прими мигранти со трошоци од девет милиони форинти (28.900 евра) по мигрант годишно“.

Орбан во видео прилог, кој го објави на својата официјална страница на Фејсбук, вели дека „Унгарија мора да ги заштити сопствените достигнувања и мора да остане унгарска“.

Претставувајќи ги кандидатите на неговата партија Фидес во еден град во источниот дел на Унгарија, Орбан рече дека „постојат два вида земји во Европа: оние кои веќе ги запоседнале или ќе ги запоседнат мигранти и оние кои нема да ја дозволат таа инвазија“.

– Унгарија и припаѓа на оваа втората група, порача Орбан.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This