April 19, 2024, 11:54 am

Орбан: „Hикoj нe мoжe дa избeгa oд виpycoт, вakцинaциjaтa cпacyвa чoвeчки живoти“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Виктор Орбан, Унгарскиот премиер истакна дека вакцинацијата спасува човечки животи и ги повика граѓаните да се вакцинираат против коронавирусот, посочувајќи дека тоа е индивидуална заштита и одговорност.

За унгарското радио „Кошут“ Орбан изјавил дека првата доза на вакцина ја примиле над 3,14 милиони граѓани на Унгарија, а двете дози пак ја примиле над 1,3 милиони жители, пренесува унгарската агенција МТИ.

Тој кажал дека во Унгарија во болниците бројот на хоспитализирани лица паднал на 9.459 од 10.000. Орбан додаде дека починале 241 лице како последица од коронавирусот.

Унгарскиот премиер откри дека 27 деца се хоспитализирани во болница кои се помлади од 14 години и дека две деца се приклучени на апарати за дишење.

Како што вели тој досега вкупно 4,21 милион луѓе поднеле барање за вакцинација.

Орбан исто така рече дека не е точно дека, кога се вакцинираат 60 до 70 проценти од населението, остатокот нема да мора да се вакцинира.

– Никој не може да избега од вирусот“, рече Орбан, додавајќи дека вакцинацијата може да обезбеди заштита и да спаси животи на поединци.

Тој рече дека следните шест недели ќе бидат одлучувачки за епидемијата и дека Унгарија наскоро може да го удвои бројот на вакцинирани лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This