Орбан oдлyчeн: Бeз Унгарија нема пакет буџет на ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унгарскиот премиер Виктор Орбан сака да стави вето на буџетскиот пакет на ЕУ и Фондот за закрепнување од коронавирусот, пишува Дојче веле, додавајќи дека тој се противи на планираниот механизам за владеење на правото, кој ќе санкционира кршење на основните вредности на ЕУ.

Како што се наведува ова се дискутирало во Европската унија со месеци, пред конечно да следи компромис заснован на германска иницијатива, и тоа е таканаречен механизам за владеење на правото со кој ЕУ може финансиски да ги санкционира земјите-членки доколку ги кршат уставните норми и основните вредности на Унијата.

Механизмот треба да биде усвоен заедно со новиот буџет на ЕУ и Фондот за закрепнување, а повеќето земји на ЕУ се согласија за тоа деновиве.

Унгарија и Полска, заради кои ЕУ започна да води разговори за механизмот за владеење на правото, од самиот почеток жестоко се спротивставија, оставајќи го механизмот значително ослабен, спротивно на првичните планови – потребно е квалификувано мнозинство за Комисијата на ЕУ да воведе санкции за една земја. 15 земји-членки со вкупно најмалку 65% од населението во ЕУ.

Сепак, според ДВ, дури и овој компромис оди предалеку за Орбан, па тој рече дека Унгарија ќе стави вето на новиот буџет на ЕУ поради тоа.

Во писмото до претседателот на Советот на ЕУ, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и сегашното германско претседателство со Советот на ЕУ, Орбан напиша дека Унгарија „не може да постигне едногласност“ за пакетот буџет на ЕУ.

Тој го критикуваше планираниот механизам за владеење на правото како „нејасно дефиниран“ и затоа што нуди можност за политичка злоупотреба.

Како што е наведено, можно е Орбан да смета на Полска во врска со ветото – премиерот Матеуш Моравиецки минатата недела изјави дека не сака да гласа за механизмот за владеење на правото. Сепак, тој не зборуваше за ветото на целиот пакет.

Доколку Орбан стави вето, тогаш ЕУ ќе падне во нова сериозна криза – во средината на вториот бран. Засега не е јасно дали бриселските и берлинските дипломати бараат компромис со Орбан и во секој случај – нема пакет буџет на ЕУ без Унгарија, заклучува ДВ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This