April 20, 2024, 10:21 am

ОРГАНИЗИРАНА ХУНТА СО ПРИТИСОЦИ ВРЗ СУДСТВОТО: СДСМ-овските организации со брутален притисок до судиите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжува притисокот кој СДСМ преку своите невладини организации го прави кон судството. Премиерот Заев уште пред да ја преземе власта отворено влезе во војна со судиите кои не сакаат да го слушаат и да работат по неговите наредби, со најавата дека ќе има целосен реизбор во судството.

 

Последен пример за за жестокиот притисок кон судството и судиите е потегот на здружението „Зелена лупа“, кои поднесоа кривични против десет судии од Основниот суд Скопје 1, Апелација и Врховен, кои одлучуваа по обвиненијата на СЈО.

Покрај притисокот во моментов, Благој Јованов најави дека притисокот кон судиите и судството нема да престане тука, дека тие и понатаму ќе имале иницијативи. Од здружението, исто така, до Советот за утврдување на факти и одговорност на судии поднесоа и иницијативи за покренување на одговорност на судии.

– Се надеваме дека овој Совет ќе почне да работи. Негова цел е да биде сервис на граѓаните, не на судиите. Сметам дека со вакви и со други наредни иницијативи ова тело мора да проработи – вели Јованов.

Ова не е единствен пример со кој СДСМ и Сорос вршат притисок кон судството Пред околу десетина дена откриени од медиум финансиран од Сорос беа имињата на судиите кои го оценувале обвинителниот акт за предметот „Триста“ на СЈО и кој како доказ ги отфрли прислушуваните разговори, од страна на порталот „Судство.мк“, вест која брзо почна да се шири и по другите медиуми под контрола на СДСМ и Сорос. Инаку СДСМ и Сорос преку своите медиуми цело време ги напаѓаат судиите кои не работат по нивни диктат.

Уште тогаш во истиот тој текст беше напишано дека една респектибилна граѓанска организација веќе работи на комплетираење на листата на судии за кои се верува дека работат спротивно на законот и за нив ќе следат кривични пријави кои ќе бидат проследени до надлежното Обвинителство. Таа најава тогаш на одредена невладина организација која е под контрола на СДСМ, претставува уште еден доказ за организираниот притисок за судиите да одлучуваат по желбите и насоките на Зоран Заев, а претставува прекршување на членот 11 од Законот за судови.

Член 11

(1) Судијата одлучува непристрасно со примена на законот врз основа на слободна оцена на доказите.

(2) Се забранува секој облик на влијание врз независноста, непристрасноста и самостојноста на судијата во вршењето на судиската функција по кој било основ и од кој било субјект.

Многумина велат дека токму притисокот кој судиите го имаат од страна на медиумите и политичарите од СДСМ, придонел одземање на пасоши на лица од ВМРО-ДПМНЕ без да има никаква основа за тоа. Многумина исто така го делат мислењето дека судиите треба да оддолеат на овие притисоци и самото судство да излезе од комформизмот.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This