April 19, 2024, 12:18 am

ОРГАНИЗИРАНО ГЛАСАЊЕ ВО КИЧЕВО: Автобуси од Швајцарија, Белгија и Германија го преполнија Кичево со гласачи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градот Кичево на ден пред одржување на локалните избори е преплавено од автобуси и автомобили со регистерски таблички од Швајцарија, Белгија и Германија од кои што се веат албански знамиња.

Како и на минатите локални избори во 2013 кога во градот дојдоа над 5000 луѓе од странство со овие автобуси пристигнуваат гласачи кои што утре ќе го дадат својот глас на локалните избори.

Согласно македонските закони на локалните избори можат да гласаат и македонските граѓани кои што покрај македонски имаат и пасош на друга земја.

Фотографијата е дел од видео објавено на социјалните мрежи кое што набрзо по објавувањето беше повлечено.

Во 2005 година со законот за Територијална организација на Македонија на Кичево му беше припоена општината Зајас со што во новата општина мнозинство станаат припадниците на албанската заедница кои што во самиот град Кичево се малцинство но заедно со припоените селски средини сега се доминантно население иако голем дел од нив живеат во странство .

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This