ОРГАНИЗИРАН БУНТ ВО ЗАТВОР: Затворениците ги киднапирале чуварите во бунт поради пренатрупаност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во затворот „Милтон Диас Мореира“ во Рио де Жанеиро затворениците организирале бунт и ги земале чуварите како заложници, соопштуваат бразилските власти

Припадниците на специјалните единици заедно со полицијата формирале кордон околу затворот, каде побуната започнала во неделата попладне, се наведува во соопштението на затворската администрација.

Не е познато колку луѓе се земени во заложништво, ниту дали за време на побуната има повредени или настрадани. Во затворот, кој е предвиден за 900 затвореници, казната ја отслужуваат 2.000 луѓе.

Овој инцидент е последен во низата насилства во бразилските затвори кои се дефакто под контрола на моќни нарко-картели, наведува Ројтерс.

Активистите за човекови права тврдат дека условите во затворот се како во средниот век, дека нема доволно храна и дека ќелиите се толку полни, што затворениците немаат каде да легнат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This