„Органите се извадени за да се спacи пациентката?!“: Немало лекарска грeшкa кај родилката на која и беа извадени органите при породувањето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комисијата која го разгледуваше случајот заклучи дека вакви компликации при гинеколошко – акушерски операции се реткост но сепак се случуваат. Единствено пропусти констатирала во однос на евиденцијата во несовпаѓање на напишаните податоци за полот на бебето.

„Увидено е дека крварењето е во дел од стомакот каде се наоѓаат репродуктивните органи и бубрезите, како би се спречило крварењето се пристапува кон вадење на матката и левиот јајник. Крварењето не запира, повикан е конзилијарен хирург и е утврдено дека лево ретроперитонеално има хематом што довело до сомнение за крварење во пределот на бубрегот. За да се спречи крварењето е пристапено кон отстранување на левиот бубрег, како би се спасил животот на пациентката“, се вели во Извештајот од извршениот надзор во струшката болница каде беше породена Јилдз.

Веапоска за Канал 5 вели дека е многу разочарана бидејќи процесот на лекување не бил како што е наведено во извештајот.

„Како тоа јас не можев да станам од кревет во скопје…ако не може комисијата јас ќе ја најдам вистината“, изјави Јилдз Веапоска.

Во врска со целиот случај, струшкото обвинителство отвори постапка против гинекологот кој и ги извади органите, а обвинението што го поднесе потоа се однесуваше за нерегистрираната гинеколошка ординација каде и била следена бременоста на Јилдз.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This