ОРДАНОВСКИ СО НАВРЕДА ДО ГРАЃАНИТЕ: Луѓето кои излегоа на протест биле „лузери“, оставени сами на себе како екипа за парастос

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Политички неписмени лузери, како деца од четврто одделение. Екипа за парастос која ниту самата не верува во сопствените барања, напиша владиниот апологет, кој редовно во недостиг на аргументи се служи со брутални навреди кон оние кои не се согласуваат со него

„Жал да ти падне какви лузери се луѓево. До толку, што дури и ВМРО-ДПМНЕ се дистанцира од нив. Оставени се сами на себе, напуштени и предадени, завеани во снежно невреме, и во духовна и во политичка и во климатска смисла. Политичките барања им се како на деца од четврто одделение, составени за време на голем одмор. И тие самите не веруваат во смислата на тоа што го бараат, ама имаат некој чемер во душата, им треба малку терапија на чист и студен воздух, бидејќи се уморни од докажувањето на библиската вистина на фејсбук. Затоа, седнале и направиле, веројатно на салфетка, кафеански попис на моментната македонска националистичка желботека, меѓу две храбрења со здравиците „Да живее Македонија!“ Пописот е малку конфузен, бидејќи ги меша идентитетските прашања (име, јазик, Договор со Бугарија) со чисто крвави криминални настани во земјата (27 април), но кај нив крвта и земјата се суштината на идентитетот“ – коментира Ордановски, кој важи за еден од најистакнатите провладини перјаници и активисти.

Орданоски се подигрува и со најавите на демонстрантите, дека списокот од барања ќе го доставеле до сите македонски врвни државни институции и до странските амбасади.

„Да се расплачеш. Да не го запалеа грчкото знаме, не ќе имаше ни за што значајно да ги споменеш во вести. Тоа се македонските иредентисти, оваа редовна екипа за национални погреби и парастоси, од кои дел од грчката јавност е толку потресен да не тргнат територијално да ги освојуваат“ – објаснува Орданоски.

Тој се прашува што бара Антонио Милошоски меѓу демонстрантите, „кога јасно го слушнавме како е дел од пазарењата за промена на името што пред неколку години ги водела владата на Груевски? Толку ли е изгубен на маргините на својата партија што спадна Тодор Петров да му биде политичко друштво?“.

По што во свој стил заклучува:
Сè на сè, и по овие протести станува појасно дека Македонија е политички подготвена за компромис со Грција околу името – дајте само добар пакет со решенија, па да одиме понатаму. Оти, имено, за опстанокот на идентитетот ни се работи.

(Expres.mk)

14 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This