ОРДАНОВСКИ ЈА ПОТВРДИ ИНФОРМАЦИЈАТА НА „ИНФОМАКС“: Добил безбедносен сертификат, cпpoтивнo на закон во рок од неколку часа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашната емисија „Печат на неделата“ на 1ТВ го запраша водителот Сашо Орданоски дали има безбедносен сертификат и како тој го стекнал.

„Имам сертификат за безбедност“, вака информацијата ја потврди водителот Орданоски.

На тоа Мицкоски му реплицираше дека Орданоски можеби е единствениот новинар со безбедносен сертификат.

Оваа инфорамација ексклузивно ја објави „Инфомакс“ уште минатиот месец. Тогаш, власта се обиде да ја обвини нашата редакција за ширење на „фејк њуз“. Очигледно дека власта, а не „Инфомакс“ шират „фејк њуз“.

Се уште е нејасно по која основа Ордановски го добил безбедносниот сертификат со највисок степен на тајност, односно кој побарал да му биде издаден таков сертификат и за каква цел?

Според Законот за класифицирани информации, барањето за издавање на безбедносен сертификат, поднесуваат одговорните лица во државните органи, органите на единицата на локалната самоуправа, јавните претпријатија, јавните установи и служби, како и во други правни и физички лица.

Токму заради оваа одредба, останува мистерија како Сашо Ордановски го добил сертификатот, односно која институција побарала да му се издаде овој сертификат.

За појаснување, безбедносен сертификат обично добиваат лицата кои работат безбедносно чувствителни работни обврски, најчесто во делот на безбедносниот сектор. Како тогаш, новинар од калибарот на Ордановски, добил пристап до најдобро чуваните и најважните тајни на Република Македонија?,

Дали при издавањето на сертификатот биле испочитувани законските одредби и за што му е потребен сертификатот на Ордановски? Ова е уште еден од низата скандали кои го следад директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Стојан Славески, со чие име во јавноста веќе се поврзуваат огромен број безбедносни скандали.

Оваа информација, доплнително го подгрева coмнeжот дека „1ТВ“ во која Орадновски е вработен како уредник се користи како алатка за peкeтиpaњe на успешни бизнисмени и политичари во земјата, особено по неодамнешниот скандал во кој од телевизијата соопштија дека ќе објават досие за Зоран Азманов, а во врска со истрага на Финансиската полиција која е во тек, за која и самиот Азманов не бил запознат.

Прашањето останува отворено, дали токму Ордановски со помош на власта успеал да добие безбедносен сертификат за пристап до документи од класифицирана природа со цел нивна злоупотреба во комерцијални цели за телевизијата?

Во јавноста излезе информација, а која беше потврдена од ДБКИ, дека на провладини новинари, за неколку часа им се издавани безбедносни сертификати со највисок степен на тајност „Државна Тајна“. Како ли само институциите успеаја законската рамка за вршење безбедносни проверки од 6 месеци да ја компресираат во неколку часа?

Кој наредил, и зошто директорот на ДБКИ, Славески, потпишал вакво нешто? Запрашан за ова, министерот Спасовски се огради и кажа дека тој немал ништо со тоа. Но, дали е тоа баш така? Безбедносните проверки на терен ги прави УБК, која сеуште е дел од МВР, кадешто Спасовски е министер?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This