ОРДИТЕ НА СДСМ НАПАЃААТ ЛУЃЕ ПО УЛИЦА: По нападот на 68-годишниот алпинист, група со палки претепала човек кој демонстрирал пред ДИК!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четврти ден откако на улица беше претепан истакнатиот македонски алпинист Јован Попоски, МВР сеуште работи на расчистување на случајот.

policija-soobrakajna-nesreka

 

Иако неофицијално полицијата има сомненија за две лица дека го нападнале и тепале 68- годишниот Попоски, од министерството велат дека во моментот кога ќе имаат пријави за овој случај ќе ја информираат јавноста.

Во меѓувреме легендарниот алпинист закрепнува од тешките телесни повреди на Клиниката за торакална хирургија.

Во средата околу полноќ во Ургентниот центар бил донесен со три скршени ребра и повреди на окото и раката. Случајот детално на социјалните мрежи со информации од очевидец го опиша академик Горазд Росоклија. Како што пишува, пред тепањето Јове седел во кафеана и со пријатели разговарал за политичката состојба од земјата, а од соседната маса две лица му дофрлиле зошто за кризата го обвунува СДСМ.

Прво го нападнале пред кафеаната, но третиот кој бил со нив и сопственикот на угостителскиот објект ги отргнале, но успеале да го стигнат кај Капиштец и да го претепаат.

И завчера вечер повторно на улица во Тафталиџе бил нападнат повозрасен маж кој се враќал од собирот пред ДИК. Кај скоспкиот Катастар го пресретнала група од 5 до 6 лица. Еден од групата кој имал фантомка почнал да го удира со палка. Со повреди на главата и рацете побарал помош во ГОБ „8-ми септември“.

И овој инцидентот бил пријавен во полиција. Случаите на физичко насилство на улица преку соопштение го осудија од ВМРО ДПМНЕ.

Од партијата го повикаа МВР да ги најде сторителите и нарачателите на ваквото насилство за да не се создаде атмосфера овие криминални дејствија на поединци, да ги решава улицата и самите граѓани, се вели во соопштението од партијата.

 
Александар Динев
Сител ТВ

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This