ОРИГИНАЛНИОТ ТЕКСТ ОД ЗАКЛУЧОКОТ НА НАТО: Македонија доби услов за добивање на преговори со НАТО, а не покана за преговори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев и СДСМ продолжуваат да ја лажат македонската јавност и преку лажни вести промовирани во провладините медиуми очајнички се обидуваат да ја убедат јавноста дека Македонија денеска доби покана за членство во НАТО. Од официјалниот заклучок од самитот објавен на официјалната страна на алијансата јасно се гледа дека СДСМ и Заев повторно ја лажат македонската јавност, Македонија нема добиено покана туку УСЛОВ односно уцена за добивање на покана, како што беше и досега. Македонија доби услов, да го промени своето уставно име, а потоа ќе стане 30-тата членка во НАТО. Истиот ваков услов Македонија го доби и во Букурешт во 2008 година, кога Македонија ги имаше исполнето сите услови за членство, освен барањето за промена на името.

-Ние одлучивме да ја поканиме Владата во Скопје да ги започне преговорите за членство во Алијансата тогаш кога обврските од договорот (Преспанскиот Договор) се исполнети.

Со други зборови во НАТО не може да влезе Македонија туку Република Северна Македонија. Столтенбер го изјави токму ова на денешната прес конференција, тој агитираше граѓаните да гласаат за промена на името и директно се вмеша во внатрешните работи на Македонија. Нарекувајќи не ПЈРМ го повика македонскиот народ да го поддржи договорот и истакна дека Македонија не може да стане членка на Алијансата ако не го смени името.

– Одлуката е на народот на ПЈРМ. Ова е еднократна шанса. Или ќе го поддржат договорот и ќе му се приклучат на НАТО или нема да го поддржат и нема да му се приклучат на НАТО. Не може двете, не може да му се приклучите на НАТО без промена на името. Тоа е одлуката што треба да ја донесе народот. Го поздравувам договорот, јасно кажавме дека денеска е решено да почнат пристапните преговори и јасно кажавме дека кога ќе завршат сите внатрешни процедури, вклучувајќи ја промената на уставот заради спроведување на Договорот за името со Атина, дури тогаш ПЈРМ ќе стане 30-та членка на НАТО под новото име Република Северна Македонија. Но не може да стане членка ако не го смени името. Изборот е едноставен“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This