ОРКЕСТРИРАНИ СПИНОВИ ДА СЕ ОПРАВДА УБИЕЦОТ: Пиштолот од кој што пукал старецот е ист како и оние употребени во поголем број убиства во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бенигни се обидите на опозициските медиуми дека обидот за убиство на екс-министерот Никола Тодоров, всушност не бил опасен бидејќи се работело за гасен пиштол. Но, она што овие „медиуми“ не сакаат да го објаснат е дека речиси половина од оружјето во нелегална сопственост со кое се извршени кривични дела убиство, се всушност модифицирани гасни пиштоли

 

Според првичните информации на МВР, полицијата на лице место ги пронашла чаурите од куршумите со кои Д.С. се обидел да го застрела екс-министерот за здравство и вице-премиер Никола Тодоров.

Дел од опозициските медиуми објавуваат, во обид да го релативизираат случајот, дека се работело за гасен пиштол кој наводно не бил опасен, но од она што го има МВР како статистика, голем дел од убиствата во Македонија се извршуваат токму со ваков вид на оружје, на кои им е модифицирана цевката со цел да можат да стрелаат и убоита муниција.

Таков пример имаше и во Гостивар пред неколку години, кога од модифициран гасен пиштол беше убиен Имер З. (63) а тешко беше ранета дебарчанката Кание Р. (39), од страна на М.И. (51).

Осомничениот, извадил гасен пиштол, чија цевка била модифицирана за употреба на убоита муниција и испукал еден куршум во главата на жената. Набрзо истрелал и два куршуми во лицето и градите на Имер, кој од повредите починал самото место.

Цело утро атентаторот го чекал екс министерот Никола Тодоров пред министерството за Здравство заедно со уште две лица, за кои вработени во министерството тврдат дека се членови на раководството на општинската организација на СДСМ Велес.

– Ги видовме како чекаат пред министетството. Мислевме дека се дел од новиот тим кој од денес ќе го преземат владеењето со оваа инситуција – велат за „Инфомакс“ вработените.

Неофицијално, двајцата потпомага неколку дена го наведувале старецот да го стори делото. А пиштолот е сопственост, со дозвола со име и презиме, на еден од нив инаку функционер на СДСМ Велес. Многу е веројатно, е дека тие од Велешкото село Канатларци утринава го донеле старецот во Скопје.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This