Оружје, цигари, облека… – македонската царина со полни раце работа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија една царинска измама и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани, девизи, машини, гасен пиштол со муниција, цигари, делови за товарни возила, делови за багери и облека.

delovizatmvdevebair

Девизи

– 16.000 евра и 213.000 чешки круни, откриени во два одвоени случаи на граничниот премин Табановце.

Во првиот случај, при личен претрес на двајца македонски државјанин кои патувале со македонски автомобил, пријавени за излез од државата, биле привремено задржани 16.000 евра. Во рачна торба на сопатникот и под облеката, под појасот на фармерките, на возачот, биле пронајдени по 10.000 евра, за кои не поседувале документи за потекло. Согласно законските прописи на двајцата патници им биле вратени по 2.000 евра, износ што резиденти можат слободно да го изнесат од државата, и се поведени прекршочни постапки за сторените прекршоци.

Во вториот случај, при личен претрес на македонски државјанин кој управувајќи чешки автомобил се пријавил за излез од државата, привремено биле задржани 213.000 чешки круни. Во внатрешен џеб од неговото палто биле пронајдени 270.000 чешки круни за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи на патникот му биле вратени 57.000 чешки круни, противвредност на 2.000 евра, износ што резиденти можат слободно да го изнесат од државата и против патникот е поведена прекршочна постапки за сторениот девизен прекршок.

Гасен пиштол, муниција и цигари

– 1 гасен пиштол, 4 гасни цилиндри (полнења) и 120 метални дијаболи, откриени при контрола на турски автобус, што сообраќал на релација Истанбул – Скопје – Струга, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавениот пиштол и муницијата се пронајдени во патна торба, сопственост на македонски државјанин кој патувал со автобусот. Истите се привремено задржани а против патникот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

– 55 штеки цигари, марка ЊЕСТ и ЛУЦКЅ СТРИКЕ, со косовски акцизни маркички, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, во соработка со службата за рентгенска контрола од аеродромот. Откако при рендгенска контрола на багажот на шведски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Малме, било забележано дека внатре има поголема количина непријавена стока, патникот бил вратен на царинска контрола при што биле откриени непријавените цигари. Истите се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Машини и делови за машини

– 2 машини за лепење најлон ПФС-200 и 1 машина за пакување ФРИУЛМЕД, откриени при контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. Непријавените машини. пронајдени на задното седиште на возилото се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

– 1 електронска штампана плоча за машина за производство на регистарски таблички, откриена при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран. Непријавениот производ пронајден во преграда за постелнина во кабината на возилото, е приовремено задржан а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Делови за товарни возила и багери

– 19 резервни делови за товарни возила (плочки за дискови, спони, ламели, потисни плочи, лагери, амортизери, цилиндар и хидраулична пумпа за кабина), откриени при контрола на празен бугарски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Непријавените делови, пронајдени под и над креветите во кабината на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

– 1 турбина за багер, 10 дихтонзи и 10 килограми електроди за заварување, откриени при контрола на косовски автомобил, управуван од косовски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Јажинце. Непријавените производи, пронајдени во картонски кутии, сместени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

Облека

– 99 женски џемпери, откриени при контрола на турски автобус, што сообраќал на релација Истанбул – Гостивар, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи, сопственост на патник во автобусот, македонски државјанин, биле пронајдени во багажникот, во просторот за багаж што се наоѓа над седиштата, како и под повеќе седишта во автобусот. Истите се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.

– 33 делови од народни носии (женски кошули, елеци, димии и капи), откриени при контрола на македонски автомобил со кој за влез во државата, на граничниот премин Јажинце, се пријавиле двајца сопружници, македонски државјани. Непријавените производи, пронајдени во две кеси сместени пред совозачкото и пред задното седиште, се привремено задржани а против возачот е поведена прекршочна постапка.

Измама

Во царинската испостава Гевгелија е откриен обиди за избегнување на плаќање увозни давачки, со погрешно тарифирање на стока.
Увозник од Прилеп пријавил за увозно царинење соларни панели, декларирани во тарифна ознака со стапка за царински давачки од 0% и стапка за ДДВ од 5%., но според основните правила за примена на Царинската тарифа, истите требало да се распоредат во сосема друга тарифна ознака со пропишани стапка за царински давачки од 0% и стапка за ДДВ од 18%.

Врз основа на новоутврдената тарифна ознака пресметани се дополнителни увозни давачки во износ од околу 14 илјади денари, изготвен е записник за распоредување на стоката според царинската тарифа и спроведена е прекршочна постапка со мандатна казна против увозникот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This