ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ: Господо од СДСМ, престанете со злoyпoтpeби и селективност во овие kpизни денови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Која е потребата агенти на Агенцијата за национална безбедност, агенција наследничка на Управата за безбедност и котнраразузнавање да бидат исклучени од обврската за почитување на полицискиот час, а со тоа да го доведат здравјето и безбедноста на граѓаните во ризик – ова е дилемата која ја отвори Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи

 

⭕️ Господо од СДСМ, престанете со злоупотреби и селективност во овие кризни денови !

Зошто за секретарката на некој функционер во Агенцијата за национална безбедност не би важел полицискиот час, односно забраната за движење, а истата би важела за полициски службеник кој во моментот не е на должност.

Зошто нечија соработничка во АНБ би можела слободно да се движи без посебно одобрение, а тоа не му е дозволено на некој полициски службеник кој е должен да постапи секогаш кога ќе забележи кривично дело , без разлика дали е на служба.

АНБ во моментов е единствен орган чии вработени се целосно и безусловно изземени од полицискиот час.

* Дали во периодов освен јавната безбедност и здравјето на граѓаните е загрозена и националната безбедност ?
– Доколку е така, дали се точни информациите дека вработените во АНБ се поделени во две групи и агенцијата функционира со скратено работно време, односно два дена одат на работа, па два дена одмараат ?
*Зошто е овој начин на функционирање доколку постојат сериозни закани за националната безбедност ?

Наместо професионална служба, формиравте партиско тело скандализирајќи ја цела процедура на селекција.
Сега на истото тоа тело му давате привилегии какви што немаат ниту полициските службеници, ниту социјалните и медицинските работници, ниту кој било во државата.

Граѓаните гледаат што правите и ќе ви кажат што мислат кога ќе дојде време. После тоа верувајте дека законот ќе важи подеднакво и за Вас.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This