April 26, 2024, 11:52 pm

Освен за пехарот, Хрватска и Франција ќе играат и за – „грдни пари“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се разбира дека ништо не може да се мери со сатисфакцијата, чувството на победа и привилегијата да се има престижната „Златна божица“ во своите раце. Арно ама, на Хрватите и на Французите нема да им се слоши и од паричната награда која доаѓа со шампионскиот пехар.

За разлика од Бразил пред четири години, ФИФА го зголеми паричниот фонд наменет за награди на Светското првенство во Русија. Сумите се запрепастувачки високи.

Репрезентацијата којашто ќе стане нов светски шампион ќе добие 38 милиони долари! Тоа е за четири милиони повеќе од СП 2014. Поразените ќе инкасираат 28 милиони долари, а не се за фрлање ниту наградите кои ги добија Белгија и Англија. Белгијците како трети заслужија 24 милиони долари, а Англичаните останаа со два помалку.

Се разбира, ова се сумите кои националните федерации ги добиваат од ФИФА, а како ќе ги распределат на играчите, тоа е нивна работа.

Наградите се повисоки и за репрезентациите кои се пласираа пониско на СП. Оние од петто до осмо место добиваат по 16 милиони долари, а оние кои запнаа во осминафиналето, од 9. до 16. место, добиваат по 12 милиони долари. Репрезентациите кои не ја поминаа ни групната фаза, ќе се збогатат со по осум милиони американски долари.

Вкупниот фонд на награди кој ФИФА го одвои за оваа намена изнесува 400 милиони долари, дури 42 милиона повеќе од СП во Бразил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This