Велат дека убавината е во окото на набљудувачот, а врз основа на астрологијата сме посклони да „блескаме“ во одредени сфери и тоа благодарение на нашите владејачки планети.
Во продолжение, погледнете кои хороскопски знаци се сметаат за најубави:
Вага
Имаат грациозни движења на телото и лесен чекор. Почесто отколку другите знаци имаат дупчиња на образите и правилно, овално лице. Често долниот дел од телото им е „посилен“ од горниот и имаат тесен струк. Вагите сакаат да се истакнуваат со својот изглед и имаат истенчен моден вкус.
Шкорпија
Шкорпиите имаат многу специфична убавина. Тие се препознатливи по нагласените црти на лицето, имаат крупни очи и често без оглед на тоа дали се црни, сини, кафеави или зелени, тие изгледаат длабоко и продорно. Сакаат спорт и нивната градба е претежно атлетска. Сакаат да изгледаат убаво, но не сакаат ништо што е наметливо.
Јарец
Овој зимски хороскопски знак е познат по сексапилната фигура. Се карактеризираат со развиени, убави раце како и високо поставени јаболчници. Лицето им е експресивно и заоблено, а очите им се крупни. Сакаат убава облека, но мразат вулгарен изглед.