ОСЛОБОДЕН И БАЈРУШ СЕЈДИЈУ: Зоран Заев спрема изборна кланица – денес ослободени Агим Красниќи и Бајруш Сејдију, и двајцата тешки криминалци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изборна кланица на повидок. Заев и СДСМ откако го пуштија на слобода кондовецот Красниќи, денеска на слобода озогласениот тутунски -бос Бајруш Сејдију

Дали СДСМ и Заев од страв да не изгубат на локалните избори,спремаат изборна кланица потпомогната од криминалното-подземје на чело со Бајруш Сејдиу и Агим Красниќи

Откако на почетокот на месецот беше пуштен на слобода озогласениот кондовец Агим Красниќи, денеска напладне од затворот во Штип за Куманово си замина и тутунскиот бос Бајруш Сејдију,кој повеќе од шест години е во затвор за перење пари,насилство,злосторничко здружување и фалсификување.

Со оваа постапка владата СДСМ и Зоран Заев влегоа со сериозна спрега и коалиција со мафијата.

Во случаите,, Пепел 1”полицијата заплени преку 15 тони цигари,кои биле нелегално изработувани и шверцувани и тутунскиот бос Бајруш Сејдију и неговата злостормичка група беа осудени за злосторничко здружување и повреда на акцизи.

Бајруш Сејдиу заедно со уште 13 луѓе, негови соработници во случајот „Пепел 2“ беше обвинет за малверзации и стечајни постапки со четири кумановски фирми „Жито мел“, „КЕН“, „Истра Инженерин“ и „ЗИК Сточарство“. Сите заедно добија вкупно 76 години затвор, а имотот на Сејдиу беше одземен.

Кумановскиот АЛ Капоне за случаите пепел,имаше направено штета од преку 60 милиони евра и уништено голем дел од фирмите кои важеа за производствени гиганти во град Куманово.

Неодамнешното пуштање на слобода на озогласениот криминалец Агим Красниќи и денешното пуштање на тутунскиот бос Бајруш Сејдију,оди во линија со пишувањата на медиумите во изминатииот период ,кои посочуваа дека членот на СДСМ и сопгугата на Агрон Буџаку која сега е директор на Центарот зауправување на кризи,Мери Николовска веќе подолго време бара амнестија за тутунскиот бос Бајруш Сејдију.

Николова заедно со група луѓе кои се нарекуваат „Семејства на жртвите на владеењето на Груевски“ бараат амнестија од затвореници кои се обвинети за тешки криминали. Ова не е прв пат Николова да бара ослободување на затвореници. Таа претходно бараше ослободување и на Захир Бекири-Чауш.

Ваквата криминал-коалиција на владата на СДСМ и Зоран Заев со подземјето, отвора сомнеж за сериозни предизборни и изборни нерегуларности и изборни поткупи.

СДСМ исплашено поради слабиот рејтинг на анкетите пред локалните изборни,свесни дека ќе доживеат изборен дебакал и ќе изгубат во голем дел од општините, ослободува осудени криминалци и го активира криминалното подземје кое би требало да им погогне да ги добијат општините низ Република Македонија, а посебно Скопје и Куманово.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This