Османи: Ако треба Бугарите ќе ги додадеме во Уставот, немаме резерва за тоа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бујар Османи, министерот за надворешни работи е гостин вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21.

Османи истакна дека ако им значи на Бугарите, би можеле да бидат додадени во Уставот, иако тоа никој не го побарал во официјалните разговори.

„Бугарите во Македонија треба да се чувствуваат како апсолутно слободни граѓани кои може да се организираат како колективна заедница, и ќе ги имаат сите права, па ако треба и нивно споменување во Уставот“, вели Османи.

На коментарот на домаќинот во емисијата дека во таков случај ќе треба да го менуваме Уставот Османи одгвори дека тоа нема да биде проблем.

Османи: „Немаме никаква резерва да бидат споменати како посебна етничка заедница, ако тоа им значи на било која страна“.

На прашањето дали од Бугарија е побарано такво нешто Османи одговори дека досега не е упатено такво барање

„Јас не сум чул. Немаат побарано такво нешто“, додаде Османи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This