Османи бара медиумите да го канат и Зибери на дебати со Заев и Мицкоски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ДУИ испрати писмо до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во кое реагира радиодифузерите еднакво да ги покриваат предизборните претставувања на кандидатите. Бујар Османи побара медиумите на дебатите на кандидатите за премиер освен лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ Христијан Мицкоски и Зоран Заев да го канат и Насер Зибери како андидат за премиер Албанец.

– Првапат кандидатот за премиер не е етнички Македонец, тој ќе биде премиер на сите не само на Албанците. Независен и надпартиски премиер е понуда за сите граѓани. Ги повкуваме Мицкоски и Заев на јавна дебата каде тројцата кандидати ќе ги соочат идеите за иднината на земјата. Ги повикуваме медиумите да ги пренесат само дебатите каде ќе бидат тројцата кандидати за премиер. Еднаквост значи и еднакво право на покривање на кандидатите за премиер – рече Османи.

Тој информира дека денеска испратиле писмо до АВМУ со кое бараат итна реакција на исполнување на обврските на радиодифузерите за овозможување на правчно, избаланирано и непристрасно покривање на изборната кампања. Тој ги повикa медиумите со целосна почит кон нивната демократска одговорност да обезбедат еднаквост на дебатите и да и понудат на својата публика фер соочување на кандидатите. Османи очекува интересни дебати помеѓу тројцата кандидати бидејќи, како што рече, граѓаните имаат право да ги слушнат нивните концепти и програми.

На новинарско прашање за изјавата на Заев во ТВ дуелот со Мицкоски дека е спремен да даде или побара пратеници за формирање на влада, Османи одговори:

– Заев и Мицкоски стануваат најголемите промотори на идејата прв премиер Албанец. Со секое нивно спротивставување Албанците се повеќе се здружуваат за премиер Албанец. ДУИ и Албанците кога ќе се здружат за една идеја нема сила која тоа ќе може да го спречи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This