ОСМАНИ ВО ФИНСКА: Бара совети за имплементација на Законот за двојазичност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, кој е во работна посета на Финска, оствари средба со министерот за европски прашања, Само Терхо, на која беа отворени темите за процесот на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан, како и евро-атлантските перспективи на Македонија.

Од кабинетот на Османи соопштија дека имајќи ја предвид успешната примена на двојазичност во рамките на финската администрација, каде што, покрај финскиот, во целосна службена употреба е и шведскиот јазик, Османи побарал поддршка во знаење, размена на искуство и начин на имплементација во согласност со потребите за усогласување на администрацијата и во Македонија со новиот закон за употреба на албанскиот јазик.

-Доаѓам во веројатно најважниот период за нашите европски интеграции, веднаш по успешната имплементација на договорот од Преспа, што претставува историска пресвртница не само за нашата земја туку и за целиот регион- истакна Османи на почетокот од средбата.
Презентирајќи ја динамиката на спроведувањето на реформите од планот 18, Османи ја потенцира интенцијата на Владата да ги имплементира практично сите преземени обврски создавајќи со тоа услови за чиста и беспрекорна препорака од страна на Европската комисија, која би водела до конфирмација на одлуката за почеток на преговорите од страна на Европскиот совет во јуни оваа година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This