Османи ги пpeтcтaви пpвитe чeтиpи eкoнoмcки coвeтници кoи ќe бидaт yпaтeни вo Варшава, Минхен, Анкара и Абу Даби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска во рамки на исполнување на предвидените активности кои произлегуваат од мандатна мисија, во насока на ревитализација и зајакнување на економската дипломатија, ги претстави првите четири избрани економски советници, кои ќе бидат упатени во рамките на нашите амбасади за да ги предводат и имплементираат економските политики секоја земја и регион посебно.

Во првиот дел од пилот проектот, амбасадорот Илија Псалтиров, кој е доктор по економски науки, ќе биде упатен во Варшава, од каде покрај Полска, ќе ги покрива и останатите земји од групата Вишеград, како што се Чешка, Словачка и Унгарија.

Абдилџемил Саити, ќе оди во Германија, и тоа во Конзулатот во Минхен, од каде ќе се покриваат економските активности и за Австрија – две земји кои се најголемите економски партнери на земјава.

Сузана Тунева, магистер по меѓународни економски односи, ќе биде испратена во амбасадата во Анкара, важна дестинација од економски аспект, имајќи ги предвид длабоките економски релации кои се веќе создадени со Република Турција.

Бекри Ајдини, магистер по меѓународна економија, кој уште од самиот почеток не само што е вклучен, туку и е задолжен за портфолиото ЕКСПО 2020 Дубаи. Тој има веќе специфични познавања на економските односи со Обединетите Арапски Емирати и воопшто регионот на заливот, и соодветно на тоа ќе биде упатен во амбасадата во Абу Даби.

„Задачата на економските советници ќе биде секако да ги престават потенцијалите на Република Северна Македонија како привлечна дестинација за странски инвестиции, да ја промовираат земјата како атрактивна туристичка дестинација, да ги промовираат нашите извозни потенцијали, но и воопшто да ја промовираат Северна Македонија како економски и политички бренд кој претставува дел од современото општество“, истакна Османи.

Министерот посочи дека во следната фаза од овој пилот проект, таргет се и неколку мултилатерални економски мисии. Во координација со министерствата за земјоделие и за економија, во втората половина од годинава ќе бидат испратени наши претставници и во Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации или ФАО, во Рим; како и претставник во канцеларијата на Светската Трговска Организација во Женева.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This