Османи денес ќе се обрати пред европратениците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес ќе се обрати пред европратениците во рамки на дебатата за резолуцијата на Европскиот парламентот за Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Османи попладне е поканет за размени мислења со европратениците членови на Комисијата за надворешни работи, кога известувачот за Македонија, Илхан Ќучук ќе го презентира својот извештај за напредокот на земјата.

Европратениците имаат уште неколку дена да поднесат амандмани за овој извештај, а денеска ќе имаат можност да му постават прашања на шефот на македонската дипломатија, два дена по блокадата од Бугарија за почеток на преговорите на ЕУ со Македонија.

Се очекува пратениците да се интересираат за добрососедските односи, домашните реформи и надворешната политика на Македонија.

Нацрт резолуцијата на Ќучук, која МИА ја објави пред неколку дена, ги поздравува напорите за интеграција на ЕУ на државата, ги охрабрува властите да вложат дополнителни напори во борбата против корупцијата, владеењето на правото, и го поздравува политичкиот дијалог помеѓу власта и опозицијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This