April 20, 2024, 10:24 am

ОСМАНИ: ДУИ е против нови избори и размислува за колективна оставка на нивните министри

Поврзано

- Advertisement -
 Централно претседателство на ДУИ ја разгледува опцијата за оставка на сите нивни министри и други државни функционери за да се излезе од политичката криза, да се воспостават функционални институции и да се излезе од политичката криза, изјави портпаролот на партијата Бујар Османи. Седницата на централното претседателство е во тек.
mkd-311456
- Advertisement -

Османи изјави дека ДУИ има една третина од министрите во Владата, што значи дека е доволно за избор на нова влада.

„Дел од членовите на претседателството се за оваа опција, а други се против затоа што сметаат дека и покрај оставките, министрите ќе си функционираат, затоа што ќе нема кој да им ги констатира оставките, нема функционално Собрание. ДУИ е за деблокада на оваа ситуација и е подготвена да ги разгледа сите варијанти за побрзо профункционирање на институциите. ДУИ не е заинтересирана за нови избори“, изјави Османи.

Втората точка на седницата на Централното претседателство на ДУИ е локалните избори и мандатот на локалната власт.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This