April 20, 2024, 12:02 pm

ОСМАНИ: Знам дека два километри автопат звучи смешно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска на потпишувањето на договорот со операторот „Гранит“ за изградба на првите два километри од автопатот од граничниот премин Блаце до главниот град рече дека од Скопје до Приштина наскоро ќе се патува за помалку од еден час.

– Од Скопје и Приштина ќе се патува за помалку од еден час, ќе ја олесни комуникацијата и трговијата. Проектот започна на 20 март 2018, се направија големи напори, обезбедување финансии и други фази на дефинирање на траса, идеен проект, општ проект, објавување на тендери. Секретаријатот за европски праша аплицираше за средства до Фондот за Западен Балкан, рече координаторот на проектот.

Османи рече дека во јавноста звучи смешно тоа што се работи за само два километри, но конфигурацијата на теренот била специфична и затоа морало да бидат вложени големи напори.

– Знам дека може да ви звучи смешно 2 километри, но претходно немаше никакви подготовки. Дел од буџетот ќе ги покрие првите два километри од граничниот влез до селото Блаце. Инаку за целиот автопат се добиени 27 милиони евра неповратни средства. Многу институции беа вклучени заради спецификата на теренот и напорно работеа, за што многу сум благодарен, наведе вицепремиерот.

Министерот за транспорт и врски рече дека грешките и претходното искуство со автопатот Кичево – Охрид ги натерале институциите да работат внимателно и да не брзаат, иако се работи са кратка делница.

Дванаесетте километри од автопатот, со кои ќе биде комплетиран Коридор 10, треба да бидат завршени за време на летниот период во 2021, беше кажано на прес-конференцијата.

Изградбата ќе започне на пролет, а до тогаш треба да бидат извршени 68 експропријации на парцели во сопственост на жителите на Блаце.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This