ОСМАНИ ИГРА ТОПЛО ЛАДНО СО ДАТУМОТ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ: Власта не знае дали и кога ќе добиеме датум за ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот Бујар Османи игра топло – ладно со датумот на преговори со ЕУ. Минатата недела тој рече дека поважен ќе бил текот на процесот отколку исходот – денес пак вели ќе се преврти секое камче земјава да добие датум за отпочнување на преговорите во текот на оваа година. Османи е оптимист дека Европскиот совет ќе даде зелено светло за земјава во јуни, но сепак не отфрла можност, наместо во јуни, тоа да се случи до крајот на 2019-та.

И последните изјави на високи европски функционери укажуваат дека земјава речиси сигурно ќе извиси во јуни. Минатата недела евроамбасадорот Самоил Жбогар рече дека нема никаква гаранција за датум за почеток на преговорите следниот месец, а истата порака во Брисел ја слушна и лично премиерот Зоран Заев. Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел му порачаа дека земјите од Западен Балкан нема зошто да се надеваат на брз влез во ЕУ бидејќи ќе мораат прво да ги средат внатрешните проблеми.

И Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер веќе јасно порача дека проширување на Унијата е можно дури по 2025-та.

Дека земјава нема да добие датум за преговори потврди и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан кој рече дека земјава ќе влезе во подготвителна фаза, односно дека ќе добие препорака, а не конкретен датум. Студен туш испрати и високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, која рече дека оптимизам постои, но не и гаранции за датумот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This