March 29, 2024, 12:13 pm

ОСМАНИ: Имаме нов пик, вирусот не е победен ниту е безопасен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот Бујар Османи истакна дека во Македонија се случува нов пик на епидемијата и дека корона вирусот воопшто не е победен, туку продолжува да претставува голема опасност.

Свесни сме дека податоците од последните денови покажуваат нов раст, еден вид нов пик на епидемијата, што само го потврдува фактот дека вирусот ниту е победен, ниту е безопасен. Токму затоа, покрај пораките за внимателно и дисциплинирано применување на мерките, одржувањето дистанца и носењето на заштитна опрема, маски, хигиена, ние мора да продолжиме да работиме и на зајакнување на капацитетот на здравствениот систем не само за да се справи со сегашниот предизвик, туку и за да може да издржи евентуално нов бран кој се предвидува дека може да се случи на есен – изјави Османи.
Тој ги предаде во употреба 20 респираторни машини што како донација ги обезбеди Кралството Норвешка.

Десет од донираните 20 респиратори ќе бидат ставени на располагање на ГОБ „8 Септември”, а останатите 10 ќе бидат распределени по здравствените установи во земјава, како што се Клиничките болници во Тетово, Битола и Штип, каде ќе се испратат по две респираторни машини и по еден апарат во Општите болници во Струга, Охрид, Прилеп и Струмица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This