ОСМАНИ ,,МОЛИ” ПО ЕВРОПА ЗА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ: Во Португалија ги убедува дека С Македонија бил алката која и недостасува на ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Португалија оствари средба со министерот за надворешни работи на оваа земја, Аугусто Сантос Силва.

Како што информираат од кабинетот на Османи, на средбата биле отворени теми поврзани со европската интеграција на нашата земја во пресрет на претстојниот извештај на Европската комисија и јунските самити на Европската Унија.

Притоа, Османи го информирал својот соговорник за спроведените реформи во клучните приоритетни области.

Високо ја ценам португалската поддршка за евро-атлантските аспирации и за почнување на пристапните преговори на С Македонија, како и генералниот став на Португалија за поддршка на проширувањето на земјите од Западен Балкан, што ќе донесе стабилност на целиот регион и ќе ги отвори вратите за соработка на повеќе полиња, што секако е во интерес и на одржувањето стабилност на цела Европа, истакнал вицепремиерот посочувајќи дека нашата земја е алката што ѝ недостига на Европа на Балканот.

Тој посочил дека иако во моментот е во тек предизборната кампања, се продолжува се спроведување на реформите.

Во рамките на работната посета на Португалија, Османи остварил средба и со претседателката на Комисијата за европски прашања во рамките на португалскиот парламент, Регина Бастос, а в недела (7 април) вицепремиерот ќе учествува на годишниот глобален состанок „Хорасис“, кој, како што информираат од неговиот кабинет, е еден од водечките светски собири за бизнис на владини лидери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This