Османи од СДСМ: Во Македонија веќе две години немаме на власт Влада која сака да ги апси поранешни војници на УЧК

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кривичниот суд во Скопје вчера ја отфрли жалбата на адвокатот Насер Рауфи, со која се бараше ослободување на поранешниот припадник на УЧК Томор Морина, кој беше уапсен пред 5 дена на граничниот премин Блаце.

Новинарот Хади Османи кој беше и кандидат за градоначалник на Липково од редовите на СДСМ на својот Фејсбук профил сподели и статус поврзан со екстрадицијата наМорина во соседна Србија.

-Почитувани граѓани, пријатели, добронамерници, а особено вие од Косово. Јасна и на место е вашата и нашата загриженост по апсењето на поранешниот војник на УЧК, Томор Морина. За жал, ние сме во ситуација кога соседна држава сè уште не го исчисти своето криминално минато и сè уште ги гони оние кои се бореа против варварската окупација.

Веднаш откако ја добив веста за апсењето на Томор, имав интензивни состаноци и разговори со високи претставници на државата и партијата и сега сум среќен што можам да ве известам дека ТОМОР МОРИНА НЕМА ДА СЕ ЕКСТРАДИРА ВО СРБИЈА. Постојат само неколку процедури што Македонија е должна да ги изврши кон Интерпол, а не кон Србија.

Мора да бидеме малку трпеливи бидејќи поради летната сезона и одморите во судовите постапката може да трае малку подолго, но уште еднаш повторувам дека Томор Морина нема да се екстрадира во Србија. Во Македонија веќе две години немаме на власт Влада која сака да ги апси поранешни војници на УЧК, но еве се случуваат неочекувани ситуации заради обврските кон Интерпол, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Të nderuar qytetarë, miq, dashamirë, e veçanërisht ju nga Kosova. I qartë dhe me vend është shqetësimi juaj dhe i yni…

Posted by Hadi Osmani on Monday, July 29, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This