Османи: Подготвен сум да реферирам пред пратениците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вечерва упати јавна порака преку социјалните мрежи до претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика, Антонијо Милошоски, заеднички да го утврдат првиот слободен термин на кој ќе реферира пред пратениците.

-Нема потреба од протести, јас отсекогаш сум бил подготвен и да ги претставам состојбите пред опозицијата, и да реферирам во парламентот пред пратениците. Еве и јавна порака до Претседателот на Комисијата за надворешна политика во Собранието на Република Македонија: да го утврдиме заеднички првиот слободен термин на кој ќе реферирам за сите актуелности од доменот на надворешната политика пред пратениците; воедно, паралелно да договориме и термин на Комисијата, на кој избраните амбасадори ќе ги презентираат тезите, со што ќе го ослободиме и процесот за нивно упатување во испразнетите амбасади, напиша Османи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This