Османи: Попова Шапка летно време да се користи како голф центар, а зимно време како скијачки центар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

МНР започна кампања од областа на промоција на општините надвор од државава, со цел да се привлечат што повеќе инвеститори. При посетите во странство се разговарало за Тетово и Попова Шапка како економски потенцијали за инвестирање, а таква прилика имало во Абу Даби, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Беше покренато прашањето за можноста Попова Шапка летно време да се користи како голф центар, а зимно време како скијачки центар. Исто така, го претставивме и како регионален центар заедно со Косово, да ги претставиме двете страни од планината, бидејќи очигледно големите инвеститори бараат поголеми регионални пазари и можноста регионално да се претставиме е секогаш поатрактивна, изјавил Османи, додавајќи дека оние инвеститори што ќе имаат најдобра понуда ќе ја земат концесијата за Попова Шапка.

Попова Шапка ќе ја земе оној со најдобра понуда, вели министерот за надворешни работи. Тој објаснува дека давањето на Шапка со јавно-приватно партнерство сѐ уште не завршило и дека инвеститорот ќе биде избран според најдобра понуда.

Оние што ќе ги исполнат условите, оние кои ќе имаат најдобра понуда ќе ја земат концесијата за Попова Шапка. Јас вчера реков дека во моите дипломатски активности секаде ја промовирам Попова Шапка како важен потенцијал за инвестирање, но и како регионски пристап заедно со Косово. Кој ќе биде добитникот, ќе видиме на крајот на процесот кој ќе биде транспарентен, посочи Османи.

Министерот за економија, Крешник Бектеши со поинаква изјава. Тој рече дека инвеститорот е познат, но дека во моментов не смее да го открие неговото име. Додава дека станува збор за сериозна компанија која управува со ски-центрите во Европската унија.

Добивме конкретни понуди од добро позната компанија која управува со ски-центри во ЕУ. Ние ќе го разгледаме нивниот предлог и откако ќе завршат преговорите, во потребниот момент кога ќе одлучи и компанијата која е заинтересирана, секако дека ќе го откриеме и името на потенцијалниот инвеститор во Попова Шапка, додаде Бектеши.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This