Османи: Преименувањето на 24 мај во ден на бугарската писменост е спpoтивно на Договорот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи вели дека за светите Кирил и Методиј Комисијата има постигнато договор и секое отстапување е минирање на нејзината работа

За Свети Кирил и Методиј Комисијата има постигнато консензус и дефинитивен текст како да се интерпретира улогата и како да се одбележат заеднички меѓу двете држави и секое поместување од тоа што го работела Комисијата значи дека се минира целиот процес, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање каков е ставот на Владата на тоа што во бугарскиот парлемент во прво читање помина предлогот за преименување на 24 мај во ден на бугарската писменост.

„Сметам дека бидејќи е само во прво читање, по оваа комуникација сега и оваа сериозна порака, дека не бегаме од обврските од Договорот, како што не очекуваме и Бугарија да бега од своите обврски од членот 2 за поддржување на евроатлантските перспективи на земјата, и ова ќе се изменаџира“, рече Османи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This