ОСМАНИ: Се гледа дека возилото е застанато, но ќе ја платам kaзната

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот Бујар Османи денеска изјави дека во саботата бил во јавен увид за употреба на Законот за употреба на јазиците и оти не се работи за инспекција. Исто така, рече дека ќе ја плати kaзната што му била изречена од МВР за зборување на мобилен телефон додека вози, посочувајќи дека тој би можел да ги предводи двете кампањи – првата, за употреба на албанскиот јазик и втората, за почитување на забраната за зборување на мобилен телефон додека се управува моторно возило.

–Не се работи за инспекција бидејќи инспекција прават службите со записници и kaзни. Ова беше јавен увид за имплементација на закон во којшто сум учествувал и на кој работам за да се имплементира и такви јавни увиди прават политичарите, градоначалниците, министрите секој ден за реализација на проекти на градење на патишта… Тоа е најнормална процедура. Ги охрабрувам министрите повеќе да излегуваат од канцелариите бидејќи само на терен ќе ги добијат вистинските информации за тоа што го работат, рече Османи.
Вториот аспект, според него, е дека членот 21 од Законот за јазиците предвидува дека Владата ќе преземе мерки за промоција на имплементацијата на Законот.

– Сметам дека моето саботно возење беше најевтината форма за промоција на имплементација на јазикот и тоа делумно дава резултати бидејќи еве денеска читав по портали дека таа и таа табла е веќе сменета и е согласно Законот, изјави Османи.
Вицепремиерот додаде дека на секоја седница на Влада како предточка поставува прашања или укажувал за Законот за јазиците.

Османи запрашан дали на 11 октомври или 19 октомври кога е ослободувањето на Тетово ќе направи јавен увид во овој град дали се поставени државните знамиња, рече дека со задоволство би направил јавен увид за кое било прашање кое што е поврзано во врска со законите.

–Немајте дилема дека ќе бидам најголемиот промотор на употребата на албанскиот јазик и на македонскиот јазик, рече вицепремиерот додавајќи дека увидел оти во СЕП немало лектор по македонски јазик и оти се работи на негово ангажирање.
Османи не знае дали е казнет од МВР за зборување на мобилен телефон додека вози, но изрази задоволство од, како што кажа, брзата реакција и недискриминација по основ на позиција од страна на сообраќајната полиција.

– Тие се експертите, бидејќи е високо експониран овој случај можеме да го користиме како кампања за почитување на сообраќајните правила. Еве јас со задоволство ќе се вклучам и во оваа кампања. И се разбира би платил секаква kaзна што ја пишале институциите иако јасно се гледа во видеото дека возилото е застанато во целиот период додека трае разговорот, рече Османи.
Реакцијата на овој негов потег, според него, во еден момент била хистерична и разочарувачка во сегментот на меѓуетничките односи, бидејќи тие, како што тврди, кај нас се само заспани и укажува дека е потребен некаков тригер.

-Начинот на оваа реакција укажува дека ние уште треба да работиме на меѓуетничките односи во државата и јас се разбира ќе бидам дел од таа кампања за да ги смирам сите коишто сметаат дека албанскиот јазик е зakaна, рече Османи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This