ОСМАНИ ТВРДИ: Нема шанси да се сменат Преспанскиот договор, Законот за јазици и Договорот со Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преспанскиот договор, Законот за јазици и Договорот со Бугарија се документите, за кои вицепремиерот Бујар Османи тврди дека нема шанси да се сменат. Вели дека, секој различно ги интерпретира препораките на Венецијанската комисија. Неговата верзија е, дека се однесуваат на тоа, да се зголемат капацитетите со цел, двојазичноста да не создава проблеми во општеството.

Османи тврди дека нема големи разлики во ставовите на владините коалициски партнери ДУИ и СДСМ за ова прашање.За најавата од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе поднесат амандмани на Законот за употреба на јазиците, Османи упати на одговор од СДСМ, имајќи предвид дека станувало збор за исти амандмани што своевремено тие ги предложиле. Од опозициската партија, пак, уште ги изготвуваат амандманите, но побараа поддршка од СДСМ.

Социјалдемократите денеска не сакаа да коментираат околу ова прашање. Од владата, пак, на брифинг коментирајки ја изјавата на Османи дека чепкањето на Законот за јазици ќе не врати во 2001 година, излегоа со став дека ,никој не може да ја врати држвата назад ниту, Заев, ниту Бујар, ниту Мицкоски. Најавија дека ќе ги разгледаат забелешките на Венецијанската комисија и ќе разговараат во коалицијата за нивна имплементација.

Во меѓувреме, законот е оспорен и пред Уставниот суд, а деновиве има најава и за слична иницијатива од неколку универзитетски професори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This