„Осмиот патник“ се возел во друг автобус, таму по гpeшkа ги ставил куферите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Џафер Долек е патникот кој недостасуваше по страотната несреќа во Бугарија. Тој бил дел од групата која се враќала од Турција со агенцијата „Беса-транс“ и требало да се вози со автобусот кој изгоре на автопатот „Струме“, но по грешка ги ставил куферите во погрешен автобус и тоа му го спасило животот, раскажа за ТВ Сител таткото на Џафер кој вели дека само господ го чувал неговиот син.

Тој за несреќата разбрал откако се слушнал со својот син кој го известил дека безбедно стигнал во Скопје, при што му кажал дека еден од автобусите имал несреќа.

Долек требало да влезе и да ги стави куферите во автобусот кој изгоре на автопатот Струма во Бугарија, но откако тој веќе ги ставил куферите во другиот автобус, лице од агенцијата му кажало да влезе во истиот, бидејќи во него имало место.

Според новите информации, на автопатот „Струма“ во Бугарија во пожарот на автобусот на „Беса-транс“ животот го загубиле 44 лица, а 8 биле спасени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This