April 23, 2024, 10:59 am

Осми јануари убедливо еден од најстудените денови во изминатите 66 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Осмиот јануарски ден од годинава со измерени минус 28 Целзиусови степени во Берово е еден од убедливо најстудените изминативе повеќе од шест децении, соопштија вчера од Управата за хидрометеоролошки работи за „Дневник“. Тој ден ниската температура беше за само 3,5 степени „потопла“ од рекордното студенило што било забележано на мерните инструменти на македонските метеоролози откако се мерат температурите на воздухот во земјата. Најниската температура во земјава исто така била забележана во Берово.

studeno-2

Рекордно најниските вредности на минимална температура на воздухот се измерени на 27 јануари 1954 година, во Берово, минус 31,5 Целзиусов степен, и во Битола, минус 30,4 °С, на 7 јануари 1993 година. За Скопје апсолутниот минимум на температурата е измерен на 13 јануари 1985 година и изнесува минус 25,6 степени (мерно место Петровец) и минус 21,0 °С (мерно место Зајчев Рид). Најниските температури на воздухот измерени на метеоролошките станици во првите денови на јануари оваа година се во рангот на десетте најниски вредности, а само во Kрива Паланка е надмината досегашната најниска измерена вредност – изјави за „Дневник“ Нина Алексовска, раководителка на Секторот за метеорологија во Управата за хидрометеоролошки работи на РМ.

Во Скопје на 8 јануари годинава биле измерени минус 21 степен.

Според податоците на метеоролошките станици во Република Македонија за периодот од 1951 до крајот на 2016 година, најниските вредности на минималната температурата на воздухот за месец јануари се регистрирани во 1954 година, во Берово, Kрива Паланка, Охрид и Штип, во 1963 година во Гевгелија, во 1968 година во Лазарополе и Маврово, во 1979 во Прилеп, во 1985 во Скопје и во 1993 во Демир Kапија и Струмица.

Утрото во неделата на 8 јануари годинава беше досега најстудено за оваа зима, со многу ниски минимални температури, кои се симнаа до -28 степени во Берово, -25 во Битола, -24 во Маврово, -21 во Скопје.

Алкохолен термометар за температури од минус 42,5 до плус 42,5 степени

На прашањето со каква опрема располагаат за мерење на минималните температури и која е најниската што може да ја измерат термометрите на УХМР, Алексовска одговара:

– Метеоролошките мерења и набљудувањата се вршат согласно стандардите на Светската метеоролошка организација. За мерење на минималната температура на воздухот се користи алкохолен термометар со опсег од -42,5° С до +42,5° С (класичен начин), а последниве години се користат и автоматски метеоролошки станици (т.е. сензор за мерење температура на воздух).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This