ОСОМНИЧЕНИ ЖИТЕЛИ НА ВАСИЛЕВО: Лицето кое демолираше казино имало помош од сожители во Василево

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Осомничените жители на село Василево, против кој пред два месеци беше поднесена кривична пријава за демолирање на казиното „Сенатор“ во Струмица, го повториле делото но овој пат во друго казино.

Од полицијата информираат дека против 49-годишниот А.В. и 34-годишниот Д.Г. е поднесена кривична пријава затоа што оштетиле повеќе слот и рулет машини во казното „Мастербет“ во Струмица.

Орудието со кое го направиле кривичното дело повторно е копач, со дрвена рачка. Според МВР А.В. со копачот искршил осум слот машини како и на една рулет машина во казино во Струмица.

„По ова, а врз основа на овластување од јавен обвинител, од страна на полициски службеници извршен е увид на лице место, притоа констатирано дека во времето од 12.30 до 13.00 часот завчера во казино во Струмица, првопријавениот откако претходно играл на апаратите во казиното, зел копач и со истиот извршил оштетување на осумте слот апарати, на еден рулет апарат за игра, на еден ЛЦД телевизор марка „Sony“, како и на заштитно стакло од просторот на касата и еден монитор. Со ваквото дејствие А.В. направил материјална штета од околу 1 .500.000 денари“, велат од полицијата.

Д.Г. е осомничен за помагање затоа што тој го донел копачот во казиното.

„Оштетувањето на апаратите за игри на среќа е направено со метален копач со дрвена дршка, кој го внел второпријавениот и му го дал на А.В. Од страна на полициски службеници А.В. е лишен од слобода и задржан во просториите на СВР Струмица. Од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Струмица нему му е одредена мерка притвор во траење од осум дена“, додаваат од таму.

Истиот А.В. на крајот на март беше уапсен за истото дело. Пред само два месеци против него беше поднесена кривична пријава откако играл во казиното „Сенатор“ и во еден момент го напуштил. Како што извести тогаш полиција по петнаесетина минути се вратил во казиното , со алат (копач) во рацете и за период од неколку минути, со удари со копачот, оштетил вкупно 44 апарати слот машини, и два рулети, напуштајќи го лице местото и правејќи вкупна материјална штета од 2.590.368 денари.

„Покрај ова, на 27-ми март А.В. околу 07,00 часот, во казино во Струмица, се сретнал со Д.Г. и В.Ѓ притоа поттикнувајќи ги да извршат кривично дело “оштетување на туѓи предмети“. Имено, второпријавениот, Д.Г. поттикнат од А.В. заминал во станот во кој живеел и зел метална тесла со дрвена рачка и заедно со трето пријавениот В.Ѓ. околу 09.35 часот, влегле во друго казино во Струмица, по што заедно, Д.Г. со метална тесла, а Д.Ѓ со камен извршиле оштетување на вкупно 20 апарати (машини), со што направиле вкупна материјална штета од 1.268.185 денари“, соопштија тогаш од МВР.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This