Остави празнина во ризницата на македонската култура и во нашите срца: Советот на амбасадори се збогуваше со Зафир Хаџиманов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советот на амбасадори со голема тага ја прими веста за смртта на Зафир Хаџиманов кој беше еден од најсјајните брендови на македонската култура и музика. Блескаше на естрадите со препознатливиот стил и талент, каде и да се појавеше, во Македонија, Србија, Хрватска, секаде низ регионот и пошироко.

Советот на амбасадори со гордост го познаваше и како културен амбасадор на нашата земја и го почитуваше како сјаен претставник на македонската култура, кој што ги промовираше нашите културни вредности особено и преку неговите квалитети како писател кој твореше и размислуваше на два јазика, на мајчниот македонски и на неговиот извонреден српски јазик.

Советот го дели сеопштото мислење дека со неговото заминување од културната и естрадната сцена, останува празнина во ризницата на македонската култура, како и во нашите срца!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This