ОСТАВКА ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА ДИК: Потпишете се на онлајн петицијата за оставка на членовите на ДИК!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од 1.600 граѓани досега се потпишале на онлајн-петицијата насловена како „Оставка на ДИК“. Еве што пишува во петицијата:

„Бараме оставка на деветте членови на Државната изборна комисија (ДИК) заради неетичко однесување и кршење на „Принципите за работа“ објавени на веб страницата на ДИК кои меѓу другото гласат: „Постојано вршиме само-евалуирање, затоа што сакаме постојано да ја унапредуваме нашата работа и секој нареден изборен циклус да биде подобар од претходниот. Притоа ја зголемуваме ефикасноста, ја спроведуваме работата со помалку напор, и ја зголемуваме ефективноста со што ги намалуваме трошоците за својата работа.“ (http://www.sec.mk/principi-na-rabota-na-dik/)

Платата на членовите на Државната изборна комисија (ДИК) се движи помеѓу 60.000 и 70.000 денари. Во изминатите 18 месеци, во три наврати, си доделиле вкупно 12 надоместоци и воопшто не ја информирале јавноста за тоа. Амбасадорот на САД го посочи ДИК како пример за корумпирана институција и нетранспарентно работење.

Инфо: Државната изборна комисија има 9 членови (три од владеачкото мнозинство, три од опозицијата и три членови со заеднички договор на позиција и опозиција)“

ЧЛЕНОВИ НА ДИК:
АЛЕКСАНДАР ЧИЧАКОВСКИ – ПРЕТСЕДАТЕЛ
РЕЏЕП ПРЕКОПУЦА – ПОТПРЕДСЕДАТЕЛ
АТАНАС УРУМОВ
ВИОЛЕТА ДУМА
ИГОР МИЛЕВ
САШО СРЦЕВ
СИЛВАНА БОНЕВА
Д-Р. СУБХИ ЈАКУПИ
ЕРМИРА АСАНИ САЛИЈА

Петицијата е достапна на следниот линк.

Случајот го отвори американскиот амбасадор Џес Бејли, а еден ден подоцна ДИК одржа седница на која членовите рекоа дека одлуката за исплата на надоместоци била донесена во согласност со Изборниот законик и со правилникот за работа, но поради притисокот од јавноста решија бонусите да ги донираат или да ги вратат во буџетот.

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This