Оставка на премиерот на Грузија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грузискиот премиер Ѓорѓи Гахарија (45) денес објави дека ќе си даде оставка, што предизвика прослава кај опозицијата и повика на предвремени избори.

Гахарија, кој е на чело на владата од 2019 година, рече дека ја напушта функцијата поради несогласувања со неговиот тим во врска со притворањето на Ника Мелија, опозициски политичар, објави Ројтерс повикувајќи се на грузиските медиуми.

“Донесов одлука за оставка. Секако, сакам да верува дека овој потег ќе придонесе за намалување на поларизацијата во општеството во нашата земја”, рече Гахарија.

Тој додаде дека притворот за Мелија е неприфатлив „ако тоа создаде политичка ескалација и ги загрози животите на грузиските граѓани“.

Судот во Тбилиси вчера нареди Мелија, претседателот на Обединетото национално движење, да биде притворен затоа што тој наводно не платил кауција.

Тој е обвинет за улични немири во јуни 2019 година, кога наводно повикал на насилство, кое Мелија го отфрли, нарекувајќи ги обвинувањата „политички мотивирани“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This