Оставки кога?: Македонија на дното во Извештајот на Блумберг за вакцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За една недела бројот на новозаболени од КОВИД-19 е зголемен за околу 60 отсто во споредба со претходната недела, а во ваквата состојба кога ситуацијата од ден на ден се повеќе се влошува како резултат на британскиот сој на вирусот, во понеделникот беше одложен и состанокот на Комисијата за заразни болести и сега кога е најпотребно сѐ уште не е одржан.

Како резултат на ваквото катастрофално менаџирање со кризата, Македонија за кратко време го доживува и третиот пик кој со оглед на британската мутација која го предизвикува се очекува да биде најстрашен досега и додека сите земји во кои е присутна оваа форма на вирусот преземаат мерки со цел да го спречат ширењето на истиот во Македонија покрај тоа што скоро две недели не е одржан состанок на Комисијата за заразни болести, надлежните не се способни да обезбедат ниту вакцини.

Откако премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче повеќе пати најавуваа пристигнување на вакцини и истите најави се покажаа како невистинити и земјата не успеа да обезбеди ниту една вакцина преку директна набавка освен осумте илјади кои беа добиени како донација од Србија.

Како резултат на ваквата неспособност на Владата Македонија се најде на дното на уште една листа. На списокот објавен од страна на агенцијата Блумберг за тоа која земја во светот како напредува со вакцинацијата само Египет, Парагвај, Островот Света Елена и Гвинеја имаат помалку вакцини од Македонија.

Инаку состојбата со вирусот веќе е загрижувачка во градовите во кои е присутна британската мутација на вирусот, а поради нагло зголемениот број на случаи и крајно сериозната состојба во Неготино на вчерашниот состанок на Кризниот штаб на општината меѓу повеќето донесени заклучоци беше побаран и карантин за градот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This