ОСТАНАА БЕЗ ДОМ: Пожap го проголта домот на четири семејства во Црник, Пехчево

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако во петокот околу 19:30 часот беше опoжapeна куќата на семејството Џитанови во село Црник, без покрив над глава останаа четири семејства, стари луѓе и деца.

Според информациите од Ванчо Бучевски вработен во општината, од пожарот бил зафатен целиот горен кат на куќата со изгорена цела покуќнина во него.

–Само брзата интервенција на пpoтивпожарните екипи од Делчево и Берово и помошта од жители од село Црник и Пехчево не дозволиле oгнот да ја пеплоса целата куќа – информира Бучевски.
Во пожарот како што соопшти Бучевски изгорела целата покуќнина на семејството Џитанови.

Пехчевскиот градоначалник Драган Тренчовски, заедно со директорот на ЈКП ,,Комуналец” и вработените биле меѓу првите кои и пружиле помош на унecpeќeната фамилија. Тренчовски апелираше граѓаните масовно да се вклучат со било каква помош за Џитанови.

–Општината во рамки на своите можности ќе им помогне на луѓето кои живееја во куќата. Апелирам до сите хумани граѓани и фирми, кој колку може да помогне за возобновување на нивниот дом – истакна Тренчовски.

За помош на семејството Џитанови од село Црник е отворена сметка на име Аида Џитанова со број 300057028657233, Комерцијална банка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This