ОСТАНАЛЕ БЕЗ ПАРИ: Јовески ќе ги потпише платите за СЈО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 80 вработени во Специјалното јавно обвинителство и натаму ја чекаат септемвриската плата откако шефицата Катица Јанева беше разрешена, па немаше кој да ги потпишува решенијата.

Министерството за правда го испрати решението во Собрание и очекуваме истото да се стави на седница. Со Законот републичкиот обвинител ќе добие овластување да одлучува за распределба на вработените, да потпишува плата или практично да го менува специјалниот јавен обвинител со сите овластувања во однос на вработените“, велат од Министерството за правда.

Сепак, вработените кои секојдневно одат на работа, алармираат дека освен платата што ја немаат земено, за институцијата не се платени ниту сметки за струја, ниту за кирија и сѐ поизвесно е дека зградата во која „бомбите“ требаше да бидат на безбедно, ќе остане без струја. Ако се случи ова нема да работат ниту безбедносните камери, ниту аларамите и прислушуваните разговори ќе останат необезбедени, односно нема веќе кој да ја гарантира нивната безбедност.

Во СЈО беа вработени 92 лица, меѓу кои десетте специјални обвинители, кои сега се префрлени во матичните обвинителства.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This