Остануваме на црната листа: Полска ја продолжи зaбpaната за летови од Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полската влада сака да ја продолжи зaбрaната за меѓународни летови до 25 август 2020 година за 45 земји, пренесува порталот „Екс-ЈУ Авијација“.

Земјите на кои зaбраната за летање ќе продолжи да се применува се, меѓу другото, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора.

ЛОТ- најголемата полска авиокомпанија која лета за Скопје, Подгорица и Белград, во моментов планира да ги продолжи операциите во главниот град на Северна Македонија и Србија во септември, додека летовите кон Подгорица се прeкинати до почетокот на зимската сезона 2020/2021 година.

Одлуката на владата во Варшава ќе влијае и врз работењето на Виз Ер и Рајанар од Полска до Подгорица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This