ОСТАЈ ПЛАТАТА, ГЛЕЈ МЕРЦЕДЕСОТ: Комична пропаганда на СДС за одвлекување на вниманието – гледај го валканиот Мерцедес, заборави на платата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оливер Спасовски продолжува каде што застана – наместо да работи, се занимава со незамисливи работи за еден министер за внатрешни работи. Па така Спасовски денес на јавноста на прес-конференција одлучи да и’ покаже дека владиниот мерцедес за високи странски делегации не е измиен во перална за автомобили.

Наместо да даде задача на некој службеник кој го одржува возниот ред да го измие Мерцедесот, а Спасовски да брка криминалци, да фаќа трговија со дрога и да го чува населението, поранешниот ген-сек на СДСМ денес покажуваше неизмиен мерцедес пред камери се во функција на неверојатната пропаганда на СДСМ која има за цел јавноста да ја отргне од размислување за ветените 500 евра просечна плата, туку да се занимава со тоа кои државни автомобили се измиени или не.

Дотолку повеќе апсурдот за неизмиениот „државен имот“ – Мерцедесот го презентираат Спасовски и СДСМ кои ја организираа и водеа платеничката шарена револуција која јавно уништуваше државен имот односно фасади на објекти, споменици на културата и симболи на македонизмот. Притоа нанесените штети чинеа повеќе стотици илјади евра.

Иако фамозниот „мерцедес од шестотини илјади евра“ беше оружје за жестока кампања на активистите на СДСМ и Сорос која имаше за цел да ја оцрнува поранешната влада дека трошела премногу пари за луксузи, Заев лично на интервјуто на МТВ пред неколку дена ја оправда оваа инвестиција на неговите претходници најавувајќи дека во неа и понатаму ќе се возат високи делегации кои ќе доаѓаат во земјата.

„Намерата е (мерцедесот, н.з.) да служи на Македонија во функција на високите делегаиции во кои што меѓу другото се надевам дека ќе создадеме попријатна атмосфера да бидат попријателски настроени кон Македонија во процесот кој што претстои“, изјави Заев неделава во интервјуто на МТВ.

И наместо да го продаде мерцедесот кој толку многу го критикуваше и го користеше за валкана кампања, Заев реши да се откаже од продавањето, но не и од валканата кампања. Овој пат – буквално.

Па така она што го најави во истото интервју, се оствари. Неговиот довчерашен генерален секретар Оливер Спасовски ги повика новинарите да им презентира автомобил кој не е измиен, иако тоа можеа да го сторат и Спасовски и Нухиу во минатите две години додека го водеа МВР.

Извори од МВР велат дека Мерцедесот пред доаѓањето на Оливер Спасовски во 2015-та бил редовно сервисиран и чуван во одлична состојба. Има поминати 10.000 километри. Денес на прес-конференцијата стана јасно дека Спасовски во два мандати како министер за внатрешни работи не успеал да организира едно миење на автомобил, а камо ли некоја друга посериозна акција.

Но, логично е да се верува дека Спасовски и Заев, ако треба и лично, ќе го измијат пред најавената посета на Македонија од страна на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг наредниот месец. Тој сосема сигурно ќе се вози во мерцедесот кој Заев по потреба го критикуваше, а по потреба пред Столтенберг гордо ќе се смешка за тоа дека и Македонија има автомобили за пречек на високи делегации (а притоа да не е во сопственост на семејството на поранешниот струмички градоначалник).

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This