ОСТРА ОСУДА ЗА НАПАДОТ НА ЕКИПИТЕ НА МТВ: ВМРО-ДПМНЕ остро го осуди нападот врз екипата на МТВ од страна на членови на СДСМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува последниот напад и притисок врз новинарската екипа на Македонската радио-телевизија од страна на членови и симпатизери на СДСМ. Закани и заплашувања врз новинарите и медиумите мора веднаш да престанат. Новинарите и медиумите мора да бидат оставени слободно и професионално да ја вршат својата работа, велат од партијата.

vmro-dpmne

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ повикува МВР во најбрзо време да го расветли случајот, а на сторителите на овој низок и срамен чин да им биде изречена соодветна санкција.

Ваквото срамно и недолично однесување на активистите и челновите на СДСМ е резултат на нервозата од нискиот рејтинг на својата партија и на нивниот лидер Зоран Заев, извесниот пораз кој ги очекува на 11-ти декември. Нервозата на членстово на СДСМ во никој случај не смее да биде истурено врз новинарите и новинарските екипи.

Ова не е прв пат активисти на СДСМ да нападнат новинар или медиуми. Само за потсетување нападната беше новинарката на ТВ Сител, Ивона Талевска, нападнат беше новинарот Јанко Илковски, нападнат беше Дејан Николовски, Антонио Димитриевски, Бобан Нонковиќ, нападната беше новинарската екипа на Република, а беа демолирани и просториите на Радио Слободна Македонија.

Заканите кон медиумите, нападите врз новинарските екипи, демолирањето на радио станици, навредите, одземањето мобилни телефони и сите останати форми на насилство мора веднаш да престанат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This