April 24, 2024, 11:05 am

ОСТРА РЕАКЦИЈА НА СМК: Македонски министер угостува странски дипломати од „чадорот“ со албанско знаме на маса!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро протестира против министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Башким Амети, кој средбите со странски делегации ги остварува и со македонското државно знаме и со албанското државно знаме, каква што била неговата вчерашна прва работна средба со aмбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Џес Бејли.

minister_siptar

СМК очекува премиерот и Владата да реагираат соодветно и да укажат дека симболите на етничките заедници се уредени со Закон, но никако не можат да бидат декор на официјалните средби со странски делегации и во службените простории на државни институции, установи и претпријатија, како и во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија.

СМК ги почитува правата и слободите на малцинските етнички заедници во Македонија, како и нивните симболи, меѓутоа однесувањето на нивни припадници, независно од местото и положбата, мора да биде во согласност со Устав и Закон!

Башким Амети е сепак министер во Владата на државата Македонија, а не во Владата на државата Албанија и мора да ги почитува Уставот и законите на државата Македонија, во чијашто Влада го раководи ресорот за животна средина и просторно планирање! Уставот и законите важат за сите, пред нив еднакви се сите!

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This