ОСУДА ЗА ГОВОРОТ НА ОМРАЗА НА ШИЛЕГОВ: Петре Шилегов е израз на некултурата и менталниот склоп на власта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза и навредите упатени од градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.

-Тие не само што се израз на ниско ниво на култура, туку го отсликуваат менталниот склоп на власта, каде преку навреди, омаловажувања сакаат да ја замолкнат опозицијата и различното мислење. Петре Шилегов не е подготвен да дебатира со факти и аргументи, и затоа пристапува кон вакво недолично однесување, се вели во соопштението од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека реалноста е дека Шилегов нема проекти и не работи, не ги решава проблемите на скопјани и преку вакво однесување тој ја дефокусира јавноста од она што се реални потреби на градот Скопје.

-Ако денес јавноста не ги слушнеше навредите на Петре Шилегов во фокусот на јавноста ќе беше фактот што тој воведува нова давачка за граѓаните- наплата на паркинг место за мотори, дека нема план за изградба на ново средно училиште во Аеродром кое го ветуваше, дека нема да се почне со градба на престојувалиште за бездомници, дека нема да има наплата на оштета на граѓаните кои беа оштетени од неодамнешното невреме, дека граѓаните на Шуто Оризари ќе останат без функционална атмосферска канализација, граѓаните на Гази Баба нема да добијат проширен булевар Александар Македонски, и дека целосно е заглавена монографијата за град Скопје. Вистинското лице на Петре Шилегов е она кое не е способно да ги решава проблемите на граѓаните. Сето ова недозволиво и приземно однесување на Шилегов кое е израз на недостаток на демократски капацитет е одобрено од претседателката на советот на град Скопје Љубица Јанчева која дозволува кршење на процедурите и одобрува самоволие, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе покрене и интерпелација до претседавачот на советот на град Скопје поради несовено работење и кршење на деловникот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This