ОСУДА НА ЕВРОПСКИОТ НАЦИ-ФАШИЗАМ КОН МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА: Реакција на Светскиот Македонски Конгрес!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро го осудува Извештајот за напредокот на Албанија за членство во Европската Унија, усвоен од Европскиот Парламент во делот каде што по предлог на бугарските евро-пратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски, Македонците во областите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора “се потврдуваат како Бугари“, со препорака “тие да бидат вклучени во законодавството на земјата и да бидат гарантирани во практика на Република Албанија“.

smk

СМК повторува дека Бугари во Албанија и во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора, НЕМА!

СМК упатува најостри критики кон Европскиот Парламент, затоа што ја критикува Македонија, која наводно “со години спроведува намерна политика за одобрување на тезата за ‘македонскиот карактер’ на населението од бугарско потекло во Албанија“.

СМК потсетува дека на целата територија на Република Албанија, и посебно во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора не живеат “Бугари“, туку само Македонци! Македонците во Албанија не се “Бугари“!

СМК смета дека и на овој начин Софија продолжува со антимакедонизмот како официјална политика за негирање на Македонскиот народ по сите основи и за влошување на добрососедските односи со Македонија!

СМК од Македонската Влада бара остар демарш до Брисел и Софија за нотификацијата на лажна бугарска историја во европските службени документи и за преименувањето на Македонците во Албанија за Бугари!

СМК, Извештајот за напредокот на Албанија за членство во Европската Унија узвоен од Европскиот Парламент во делот за “Македонците како Бугариа“, го смета за груба повреда на меѓународното право, Универзалната декларација за човековите права и слободи и Повелбата на Обединетите Нации, за геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото!

СМК апелира до Брисел за активни мерки против денационализаторската политика што веќе неколку години организирано ја води Софија со незаконско издавање на бугарски државјанства на Македонците во Албанија и Македонија, со услов писмена декларација за “бугарско потекло“, иако Македонците се изложени на тој ризик заради емиграција во западно-европските земји од социо-економски причини, а не заради живот во Бугарија како “Бугари“.

СМК апелира до сите Македонци да се откажат од приемот во бугарско државјанство поради ризик од декларацијата за “бугарско потекло“ со импликации кои се неизбежни а неприфатливи за идентитетската основа и за Македонската нација и држава во целина!

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This