ОСУМ ЗЕМЈИ СЕ СООЧУВААТ СО САНЦКИИ ОД ЕВРОПА: Поради зголемен буџетски дефицит и јавен долг, осум земји под закана од санкции од ЕУ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На почетокот на овој месец, Европската унија издаде предупредување до осум нации кои ги надминале горните граници на буџетски дефицити. Помеѓу земјите со најголем ризик за нарушување на правилото за буџетите на ЕУ се Италија, Шпанија, Португалија и Словенија. Дополнително се и Финска, Кипар, Литванија и Белгија

evropska_banka
Овие земји не успеаа да се придржуваат до правилото на ЕУ во врска со националните буџети, и се во опасност од рестрикции и казни во 2017 година, како и рестрикции до Европските фондови. Според Брисел, секоја од овие земји го има нарушено „Пактот за Стабилност и Раст“ кој е дизајниран да обезбеди дека сите земји членки ќе останат во договорените буџетски граници – особено во задолжувањето.

Пактот пропишува дека секоја од земјите членки на ЕУ не треба да има буџетски дефицит кој надминува три проценти од БДП. Владите на погореспоменатите земји сега ќе треба да ги ребалансираат буџетите за 2017 година со цел да се задржат ниски дефицити, односно под 3%. Дотолку повеќе, јавниот долг се смета за висок според Пактот доколку надминува 60% од БДП.

Ако не ги исполнат овие стандардни, земјите ќе треба да плаќаат 0.2% од БДП како казна до ЕУ, покрај санкциите и рестрикциите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This